Актуелно

Првиот брод со украинско жито пристигна во Сирија

Првиот брод што отплови од Украина според договорот за продолжување на извозот на жито од таа земја, пристигна денеска во сирискиот пристанишен град Тартус, иако Киев ги прекина дипломатските односи со Дамаск, јавува АП, повикувајќи се на сателитски снимки.

Бродот „Разони“, под знамето на Сиера Леоне, исплови од украинското пристаниште Одеса на 1 август во согласност со постигнатиот договор за извоз на жито, но не стигна до Либан како што беше планирано, додека сателитски снимки на компанијата „ Planet Labs PBC“ покажуваат дека тој бил во Тартус во вторникот наутро, веднаш до силосите за жито во пристаништето.

Сирија веќе доби украинско жито запленето од територијата што Русија ја зазеде за време на војната на Москва против Киев.

На почеток