Актуелно

„Тонеме во дупки, ѓубре и смрдеа. Во Скопје среќни се само Данела и нејзиниот тим, на нив тоа не им смета“, реакција за состојбата на градот

Незадоволството од ниското ниво на хигиена во Скопје, несредените улици и неводењето грижа за градот може да се забележи и на социјалните мрежи. Преполните контејнери се фотографирани во повеќе општини низ Скопје. Граѓаните се жалат и дека ако досега, нивниот отпад бил собиран двапати неделно од Комунална хигиена, тоа сега се прави по еднаш. Коментар на темата имаше и новинар кој напиша:

„У Скопјево има само неколку фаци кои се среќни од последните локални избори до сега. Тоа е Данела и нејзиниот нововработен „тим“, именуваните директори и нивните нови дечки на државна ц*цка. Останатите тонеме у незакрпените дупки, несобраното ѓубре и неговата смрдеа. Нив тоа очигледно не им смета. Модерно очигледно значело пропаднато и сиво Скопје“.

Споделени се и фотографии направени во Скопје:

Коментар под статусот има и Тина Петрушевска, ексдиректорка на стационарот „Лајка“. Таа посочува за проблеми со бездомните кучиња и нефункционалноста на стационарот.

„Граткиот стационар у рацете на активистите, телефоните исклучени поради неплатени сметки, а градов е куче со лишманија“, напишала Петрушевска под статусот.

А дека залутани кучиња има и низ центарот на Скопје и никој не ги третира, објавени се и фотографии:

На почеток