Магазин

(ВИДЕО) Истра ги маѓепса американските новинари: „Најдоброто масло, најдоброто вино“

Во своето издание, познатиот американски магазин за патувања UltraTravel ја претстави Истра како една од дестинациите што мора да се посети оваа година.

Истра повторно е меѓу најдобрите дестинации во светот. Во новото издание, списанието UltraTravel издвои дестинации за кои вели дека мора да се најдат на мапите на сите светски патници за оваа година.

На листата на најдобрите се најде и Хрватска, односно Истра.

Меѓу најдобрите дестинации се Кејп Таун, Валенсија, Хонг Конг, Осло, Менхетен, Нешвил и Кјушу. Авторот ја издвојува Хрватска како дестинација со најубави градови, а Истра како полуостров од бајките во форма на срце.

Истра ги освојува патниците со своите пејсажи, малите градови, романтичните велосипедски патеки, како и со кулинарски искуства.

Покрај тоа, познато е и како кралство на тартуфи, регион со врвно маслиново масло и најквалитетно вино. Истра во последните години станува сè попопуларна и како дестинација за организирање свадби, што само потврдува колку овој регион е богат.

To Top