Свет

Русија: На 19 август Киев планира напад на нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на Гутереш

Во петок, на 19 август, Киев планира напад со „лажно знаме“ на нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина.

Ова им го изјави на новинарите Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

„На 19 август режимот во Киев ќе планира провокација во нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина, при што Русија ќе биде обвинета дека ја предизвикала катастрофата во оваа централа“, изјави Конашевко, а пренесе руската новинска агенција Тас.

„Со цел да се подготви за провокацијата, командата на оперативната група Днепар до 19 август поставува пунктови за следење на радијацијата во Запорожје, и организира вежба на единиците на 108. бригада за територијална одбрана, 44. артилериска бригада и стационирани воени единици во Запорожје да делува во услови на радиолошка контаминација во областа“, нагласи портпаролот на руското Министерство за одбрана.

To Top