Зеленски им се обрати на жителите на градовите кои беа под руско гранатирање: Сите ќе ги изведеме пред лицето на правдата


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера им се обрати на жителите на градовите кои беа под руско гранатирање.
Тој додаде дека Украина ќе одговори на секој руски напад.
„Сакам особено да им се обратам на жителите на сите наши градови кои се постојано и брутално гранатирани од руската армија. Им се обраќам на граѓаните на Харков и на Миколаев, на жителите на сите градови Донбас, Днепропетровската област, Запорожјската област… На сите оние кои го поминаа овој континуиран ужас. Ќе го дознаеме идентитетот на секој окупатор кој ги наредил и ги извршил овие напади врз градовите. И сите ќе ги изведеме пред лицето на правдата на овој или оној начин. Ниту еден убиец нема да се сокрие. И ние дефинитивно ќе вратиме се што терористите се обидоа да го остават во урнатини“, рече Зеленски.
