Пронајдени 20 мумифицирани тела во Нигерија, две од нив се на деца
Од
Објавено на
Полицијата во Нигерија пронашла 20 мумифицирани тела наредени на железна полица во она што се сомнева дека е ритуално светилиште.
Ова го изјави портпаролката на полицијата Џенифер Ивегбу, пренесува Анадолија.
Според неа, телата биле откриени во средата во зграда во Бенин, главниот град на јужната нигериска држава Едо.
„На местото на настанот се откриени 15 мумифицирани тела на мажи, три тела на жени и две тела на деца“, рече Ивегбу.
Таа додаде дека три лица се уапсени на лице место додека другите избегале.
„Во тек се интензивни напори за апсење на сите осомничени“, рече портпаролката.