Кривокапиќ задоволен за падот на Владата на Абазовиќ: „Ќе помине“
Поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изрази задоволство од падот на Владата на Дритан Абазовиќ.
Имено, по неколкучасовна расправа во Собранието на Црна Гора, на Абазовиќ му беше изгласана недоверба, а од 51 пратеник што гласаа, 50 пратеници беа за негова смена, а само еден глас беше против.
„Ќе помине! И брзо ќе помине. Сега треба да се трансформираме поединечно, особено политичарите, во корист на трансформацијата на Црна Гора“, рече Кривокапиќ на „Твитер“.
Проћи ће! И брзо прође.
Сада треба да се преобразимо ми појединачно, а посебно политичари, на добробит преображења Црне Горе.— Zdravko Krivokapić (@profKrivokapic) August 19, 2022
За потсетување, владата на Кривокапиќ падна на почетокот на февруари, а иницијативата за недоверба на тогашната влада ја покрена Абазовиќ.