Абазовиќ: Честитки – ќе останеме запаметени како најкратката влада


Дритан Абазовиќ изјави дека се чувствува горд по денешната дискусија и упати честитки за новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ.
Тој рече дека се надева на брзо постигнување договор.
„Од денеска ситуацијата ни е полесна – со оваа држава ќе владеат или криминалци или граѓани. Ние сме на страната на граѓаните“, рече Абазовиќ.
Тој по седницата изјави дека е горд на она што го направиле за 100 дена и дека ќе бидат „запаметени како најкратката влада, но која имала тешки задачи“.
„Тука сме да продолжиме да се бориме заедно за граѓанска, демократска и еколошка Црна Гора.
Тој им се заблагодари на сите пратеници кои не ја поддржаа иницијативата, особено на Генци Ниманбегу.
Тој рече дека нема да учествува во новата влада.
А јас разбрав дека нема да има ниту СНП. Нека седнат на маса Мило Ѓукановиќ, Алекса Бечиќ и Дамир Шеховиќ и нека се договорат за ново мнозинство“, рече Абазовиќ.
На прашањето како би одел на изборите без Уставниот суд, тој одговори: „прашајте го ДПС“.
