Детали што се случувало со авионот кој полета од Охрид, па се вратил назад
Контролата на летање огласи во врска со авионот кој вчера полета од Охрид. Оттаму велат дека не станува збор за принудно слетување, туку дека авионот на „Визер“ требало да слета во Скопје, па откако не успеал поради невреме, неколкупати кружел и на крајот се вратил во Охрид.
Авионот „Ербас А-32о-230“ на унгарската нискобуџетна компанија лета на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен. Тој на пат кон Германија, требало да слета во Скопје и да земе патници за крајната дестинација.
Но, поради невремето попладнето во главниот град, авионот не успеал да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром, чекајќи подобри временски услови.
Откако времето не се подобрило, пилотот безбедно го вратил леталото во Охрид, велат од Македонска навигација (М-НАВ).