Голи девојки упаднаа сред обраќање на Шолц
Од
Објавено на
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, се соочи со непријатност кога две девојки наеднаш ги соблекоа маиците и останаа топлес, со порака испишана на нивното тело.
Германски „Билд“ коментира дека Шолц за време на инцидентот реагирал мирно.
Телохранителите брзо ги одведоа жените кои извикуваа воглавно неразбирливи пароли, а на нивната кожа беше јасно читлива пораката на англиски: „Ембарго на гас, сега“.
Шолц претходно одговараше на прашања од граѓаните, а еден од нив го праша колку често се тушира, бидејќи владата побара од граѓаните да се тушираат пократко за да заштедат енергија.
Канцеларот одговори „секој ден“, по што следеше смеа од присутните, додава „Билд“.