Коментари

Дурловски до СДСМ: Секој обид за моја лична дискредитација, ќе заврши како операта и балетот – во мрак

Огромни долгови, натрупувани со години од погрешно управување со НОБ на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и 2013 година се изворот на проблем кошто тие го имаат создадено, велат од СДСМ преку соопштение.

Во врска со овие обвинувања се огласи Игор Дурловски кој вели дека секој понатамошен обид за негова дискредиација ќе заврши како операта и балетот – во мрак.

„Во врска со обидите СДСМ повторно да најде изговор за сопствената неспособност и неможноста на нивните кадри ни сметките за струја да ги платат, а не па да направат програма каква што имаше во мојот краток мандат 2016/17, сакам да посочам дека секој понатамошен обид за моја лична дискредитација, кога се предмет на потсмев поради вселенската неспособност, ќе заврши како операта и балетот под нивно раководство – во мрак!!!

А доколку ги интересира работењето од 2011 до 2016, советувам генералниот директор на МОБ Васо Ристов за истото да си го праша сегашниот уметнички раководител, назначен лично од него, кој ја извршуваше функцијата генерален директор во посочениот период.

Без почит, со уште едно потсетување како изгледа МОБ кога има светлина и воедно порака до сите вљубеници во уметноста дека светлината ќе се врати“, вели Дурловски.

На почеток