Цело Скопје знае дека дечкото на Мони бара прошка преку билборд, на социјалните мрежи хаос: Moже ќе ти простеше, ама фонтот не се простува
Денес беше поставена фотографија која наводно е од центарот на Скопје, со билборд кој веднаш го привлече вниманието на граѓаните. На билбордот со огромни црвени букви стои натпис „Извини Мони“. Автентичноста не е потврдена. За сега не се знае дали и кој го поставил билбордот, но најверојатно станува збор за некој чие име почнува на Д.
Фотографии од билбордот се споделуваат на социјалните мрежи, а мислењата на граѓаните се поделени. Некои од нив мислат дека Мони нема да му се смири поради лошиот фонт, а за дел од нив ова е романтичен гест, па штом е на билборд, Мони треба да го прифати извинувањето.
Во продолжени прочитајте дел од коментарите
Може Мони е машко 😄
— Бокан☆ (@BoKan1429) August 23, 2022
Извини дечко не читам латиница. Мони pic.twitter.com/slBqyFwvwk
— Драги Црни (@dragi_crni) August 23, 2022
Колку што тогашка со билбордот на Гроздан му се смири Каролина Гочева, толку и на братов сега ќе му се смири Мони 🙂 https://t.co/F23e4PtRng
— Little mister Стормрејџ (@Strastniot) August 23, 2022
Мони, најди си некој со вкус и чувство за естетика.
— Djole (@dipling5) August 23, 2022
може мислел на ова pic.twitter.com/9qWSikkYPA
— Tamacti Jun (@MatrixOfHell) August 23, 2022
Нема извини… pic.twitter.com/iECA65MrEJ
— Coyote Pretty (@pretty_coyote) August 23, 2022
Мислам дека Мони нема да му прости на Д.
— 100Marki (@100deutschemark) August 23, 2022
Штом е извинувањето на билборд, би требало Мони да го прифати. pic.twitter.com/ziBgIx98w5
— Руи (@riste_g) August 23, 2022
Во наше село, билборд, на толкав…
Уште еден блам после 'Каролина, те сакам'. 🙄
Среќа не ја бапнал Мони на слика.— Кирјана (@svoja_na_svoeto) August 23, 2022
Имаш поставено билборд за некоја?…е исто така многу ок прашање за прв дејт.
— Сушанто Рој (@shusantoroj) August 23, 2022
А машко срце се освојува ли вака 🙄🤔 pic.twitter.com/l85XMdOBb8
— Плава (@niighttstarr) August 23, 2022
Нема да ти простам, ама ако сакаш да пропаднам у земја од срам, извини ми се преку билборд.
— Kobajagi (@CatCat_0606) August 23, 2022
Би и простил само ако мисе извини преку билборд
— Фритз (@brabijno) August 23, 2022
Aj mori Mony pa ti odma se ljutiš
— druže (@rmcfmk) August 23, 2022