Актуелно

„Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции кога системот на функционира“, негодување по најавата за нивно заминување

Д-р Ирина Бухова ќе остане директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Неофицијално, Владата не и најде замена, па и покрај најавите, тргната е точката за нејзино разрешување. За јавноста, познато е само дека таа не сака повеќе да ја извршува оваа функција. Истовремено, се појави информација и за повлекување на министерот за здравство, Беким Сали, кој неофицијално, посочил да му бараат замена. Ова наиде и на одредени коментари и реакции во јавноста.

Новинарот Кристијан Ландов посочи дека двајцата се професионалци и наведе примери за експресни реакции кога биле во прашање нивните надлежности.

Статусот во целост:

„Уствари во цел здравствен систем, Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции при дојави дека системот на функционира.

Додека имав корона, притоа, се јави стоматолошки проблем, во Клиниката за стоматологија ми лупнаа врата. По најрегуларен пат со реакција до ДСЗИ, за еден час, од Клиника сами се јавија да отидам на преглед. Тоа за мене значи дека некој направил системот да функционира.

Сали, кога го побарав директно, во 22-23 часот навечер. Стануваше збор за еден апел за помош, за баба од скопско село, која беше оставена сама на себе, а амбуланта не сакала да дојде. Веднаш прати екипа, беше прегледана, а и била дадена и терапија.

Сакам да кажам, следно очекувам Сали да си отиде и си свиркаме. Пошо само тоа ни останува“, напиша тој.

На почеток