Актуелно

Угостителите реагираат, им пристигнуваат астрономски сметки за струја

Угостителите во Виена се соочени со астрономски сметки за струја, што го загрозува нивното постоење.

Сопственичката на култниот ресторан „Humel“, Кристина Хумел на Фејсбук објави дека отсега месечно за струја треба да плаќа 6.206 евра повеќе.

„Нешто мора да се случи што поскоро. Вакво поскапување на струјата во однос на лани, со речиси иста потрошувачка, не е подносливо во гастрономијата“, напиша таа и додаде дека ресторанот веќе не е бизнис, туку хоби од кое не може да се живее.

Таа изјавила дека трошоците за нејзиниот ресторан се зголемиле од 2.976,55 евра на 9.182,88 евра месечно.

„Постојано добивам повици од колеги кои плачат затоа што не можат да се справат со зголемените трошоци“, предупреди таа.

Кристина Хумел истакна дека во јануари, кога многумина ќе ја добијат разликата од месечната рата и потрошувачката, ќе мора да поднесат барање за стечај.

На почеток