Свет

Шолц: Канадскиот течен нафтен гас може да игра клучна улога во решавањето на проблемот

Канадскиот течен нафтен гас може да игра клучна улога во решавањето на проблемот со зависноста од рускиот гас, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц, на Економскиот форум „Германија-Канада“, рече дека бидејќи Германија сака да се ослободи од увозот на руски енергетски производи, таа ја гледа Канада како партнер во тоа.

„Засега тоа значи зголемување на увозот на ТНГ. Се надеваме дека ТНГ од Канада ќе има клучна улога“, објасни тој.

Шолц оцени дека Канада и Германија претставуваат две совршени парчиња во глобалната сложувалка на мултиполарниот свет.

Германскиот канцелар оцени дека Канада има потенцијал да стане супер сила во одржливата енергија.

На почеток