Украина слави 31 година од прогласувањето на независноста, но стравува од можни руски напади
Украина денеска слави 31 година од прогласувањето на независноста.
Празникот, кој „паѓа“ шест месеци по почетокот на руската инвазија на 24 февруари, ќе се слави без организирани свечености и под закана од копнени, воздушни и морски напади, пренесува Ројтерс.
Украина стравува дека денеска, на Денот на независноста, Русија ќе ги изврши најбруталните напади од почетокот на конфликтот. Поголемите прослави се откажани во речиси сите градови, а претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина силно ќе одговори доколку Русија ги засили своите напади.
Најстрашен е Киев, каде што се забранети сите големи јавни настани и собири. Оваа мерка стапи на сила во понеделник и ќе трае до четврток.
Леонид Кравчук, лидерот на Советската Република Украина, прогласи независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, а на референдумот и претседателските избори Украинците ја поддржаа независноста и го избраа Кравчук за претседател.
Украинските власти ги покажаа остатоците од изгорените руски тенкови и оклопни возила како воени трофеи во центарот на Киев, во знак на пркос.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера предупреди на можноста за „руски провокации“, а властите ги повикаа луѓето сериозно да ги сфатат предупредувањата за воздушни напади.
„Се бориме против најстрашната закана за нашата државност во исто време кога го постигнавме највисокото ниво на национално единство“, рече Зеленски во вечерното обраќање.
Претходно во вторникот, тој им рече на претставниците на околу 60 земји и меѓународни организации кои присуствуваа на виртуелниот самит за Крим, дека Киев ќе ги протера руските сили од полуостровот на кој било начин, без претходна консултација со други земји.