„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Герасимовски: Се отстрануваат 40.000 квадрати опасен азбест од напуштената фабрика „Треска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
300777986_457308189742962_8728798627074653592_n

Започна да се чисти депонијата во напуштената фабрика „Треска“, во општина Центар. Четириесет илјади метри квадратни опасен азбестен кров останат во напуштениот индустриски капацитет почна да се отстранува под посебен надзор, како не би дошло до загадување на животната средина. Активностите за чистењето на „Треска“ денеска ги најави градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

— реклама —

-Пред 5 месеци по пожарот кој зафати дел од овој простор зад себе остави руинирани и запуштени објекти налик на оние во „Чернобил“ и тоа беше уште еден аларм дека земјиштето мора итно да се расчисти. На територијата на „Треска“ има околу 40.000 метри квадратни азбестен кров, кој исто така беше зафатен во пожарот. Уште тогаш кажав дека час поскоро, напуштениот индустриски капацитет треба да се расчисти. Моменталната состојба освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и градот.

Градоначалникот посочи дека за чистењето на теренот, постапките почнале од почетокот на август, бидејќи се раководеле по Обвинителството, кое ги утврдува причините за пожарот кој настана во кругот на напуштената фабрика.

— реклама —

-Веднаш штом Обвинителството ни дозволи активности на терен, започнавме процес и законски процедури за расчистување на објектите на напуштената фабрика. До овој момент во Општина Центар пристигнати се 36 барања за издавање на решенија за отстранување на објекти, од кои до сега одобрени се 13 - истакна Герасимовски.

Отстранувањето на објектите и чистењето на целиот простор ќе го вршат самите сопственици, како што налага законот. Тие претходно до општината доставиле барања за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За чистењето на просторот, сопствениците на објектите ангажирале и приватна компанија за надзор која ќе дава логистика за безбедно отстранување на азбестот, шутот и ѓубрето настанато пред и после пожарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Пронајден починат 25-годишник во напуштена куќа во Центар

Скопје | пред 1 седмица

media-library2n1lie04fibb1k5sddE

ЗК Пелагонија отвора Агро Еко Центар за обука во зелени и дигитални вештини

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryngfqqtaffma643h12CC

Во Центар автоматски систем ќе мери бучава на критични локации

Скопје | пред 2 седмици

media-library4p24ct9cheor2yX9tdh

(Видео) Ова се првите празнични светилки во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања