“И моето срце и твоето срце” е мотото под кое ќе биде одбележан Светскиот ден на срцето од страна на Заводот за кардиоваскуларни заболувања Св.Стефан од Охрид.
-Започни го денот со ветување за добро дело. Биди хуман, донирај и подари некому живот, некому радост. Јас ветувам дека моето неделно кафе можам да го донирам. Да ветиме заедно, за моето срце, за твоето срце, за сите срца на светов, е пораката која ја упатуваат од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид.
Акцијата ќе се одвива во недела 7 октомври од 12 часот во кафе бар Објектив , а собраните средства ќе бидат наменети за Фондот за деца со здравствени проблеми од социјално ранлива категорија.
