Македонија

Петар Богојески: ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата

По информацијата дека Заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и реформатор , Петар Богојески е разрешен од функцијата, тој се огласи на социјалните мрежи и ја поздрави одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот активизам во раководните структури но не и во Партијата.

„Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и ја пренесував врз другите луѓе во Иницијативата за реформи.
Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ. Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи“, напиша Богојески.

Тој додава и дека ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, во целосно погрешен правец, и се надева дека за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек.

„Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас. Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис. Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”. Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена“, пишува пратеникот.

Исто така напиша и дека е подготвен на се, само Македонија да излезе од балканскиот кружен тек и да земе правец за Европа.

„Мотивирани и сигурни во нашата вистина, продолжуваме понатаму со уште поцврсти и порешителни чекори за реформи и обнова на Партијата“, стои во објавата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток