(ФОТО) Зошто да го посетите езерото Комо


Без разлика дали барате плажи и море, планини и долини, Италија има се. Од модерниот и раздвижен север, па сè до заспаниот и традиционален југ, Италија е како да е измислена за туристите, па не е ни чудо што ја обожаваат.
Одморот не мора да значи капење и сончање на бреговите и плажите. Доколку го замислувате вашиот одмор на место далеку од светот, на ридови кои кријат прекрасни езера и долини, езерото Комо е идеалната дестинација за одмор за вас.
Луксуз на езерото Комо: Ноќевање во италијански хотел чини 5.000, а пијалок 150 евра
Езерото Комо има се што еден просечен турист сака. Се наоѓа меѓу ридови и планини, а своето место го дели со реки и градови со богати културно-историски содржини.
Се наоѓа во северниот дел на земјата, помеѓу градот Милано и границата со Швајцарија. Комо зафаќа површина од околу 146 квадратни километри, а со длабочина од 410 метри е едно од најдлабоките езера во Европа. Езерото е популарна дестинација уште од античките Римјани.
Благодарение на неверојатно благата микроклима и пејзажите во кои се наоѓа, езерото Комо има посебен изглед. Комо е пред се исклучително атрактивна туристичка дестинација со божествена природа, врвен луксуз и одлични гастрономски специјалитети и нуди многу културни и уметнички бисери.
Сето ова го прави ова езеро исклучително привлечно и познато, особено меѓу луѓето со подлабок џеб. Познат е по своите неверојатни градини, гламурозни вили и погледи кои мора да се видат.
