Актуелно

Новинар на „Гардијан“ ги претстави петте можни сценарија за развој на конфликтот во Украина

Новинарот на британскиот весник „Гардијан“ Ден Сабаг претстави пет можни сценарија за развој на конфликтот во Украина во следните шест месеци.

Првата прогноза е дека конфликтот ќе трае уште една година, но нема да биде толку интензивен како минатото лето. Згора на тоа, нема да има преговори меѓу Москва и Киев во следните шест месеци.

Според второто сценарио, Украина нема да спроведува контраофанзиви и ќе почне да применува тактики на партизански напади, како и да изведува напади со ракетни системи со долг дострел.

Во третата прогноза, авторот верува дека Русија ќе ја продолжи офанзивата, но нејзината цел ќе биде да ги задржи териториите на Украина.

Четвртата варијанта е дека бегалската криза со доаѓањето на зимата ќе обезбеди дополнителни можности за оние кои ќе успеат подобро да се подготват за неа. Дополнително, Москва го гледа почетокот на зимата како можност да склучи мир со Киев по свои услови, се вели во написот.

Во петтата прогноза, Западот ќе треба да одлучи дали сака Украина да победи или само да се одржи, бидејќи без западната воена помош, Киев би доживеал пораз. Во исто време, Украина има буџетски дефицит од пет милијарди долари месечно, а понатамошната помош од Европејците ќе чини многу повеќе. Прашањето, како што наведува авторот, е дали западните земји се подготвени на овие жртви.

На почеток