Актуелно

Путин издаде декрет

Рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет.

Со указ на претседателот на Русија, на жителите на Народната република Доњецк и Луганск, како и на Украинците, кои тоа го сакаат, им се овозможува да престојуваат во Русија без временско ограничување и да се вработат без претходно добиена работна дозвола.

„Граѓаните на ДНР, ЛНР и Украина имаат право на привремен престој во Русија без временско ограничување“, се наведува во претседателскиот декрет, пренесува ТАС С. работна дозвола.

Исто така, со указ на претседателот Путин, се одобруваат месечни или еднократни плаќања во готовина за луѓето кои биле евакуирани во Русија од ДПР, ЛНР и Украина, по соодветна административна процедура. Одредени категории на луѓе, вклучително и лицата со попреченост и над 80 години, ќе добиваат помош во износ од 10.000 рубли (околу 166 американски долари) месечно, а бремените жени ќе имаат право на еднократна исплата на сличен износ.

Иако претседателот Путин го потпиша овој указ на 27 август, плаќањата ќе се вршат ретроактивно од 1 јули. Бегалците од ДПР, ЛНР и Украина кои пристигнаа во Русија почнувајќи од 18 февруари ќе имаат право на оваа помош од руската држава.

На почеток