Рогов: Седум лица се повредени во гранатирањето на Енергодар


Седум лица се повредени во гранатирањето на градот Енергодар од страна на украинските сили, изјави синоќа Владимир Рогов, портпарол на проруската администрација на регионот Запорожје.
Според него, пет лица се здобиле со полесни повреди, а две се тешко повредени.
Во објавата на својот канал Телеграм, Рогов ја обвини украинската страна дека се обидува да ја наруши најавената посета на делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) со напади и дека „жртвува локалните жители за нивната желба да ја пренесат вистината за она што е се случува“.
Проруската воено-цивилна управа на Енергодар претходно синоќа објави дека украинската армија гранатирала станбени делови од градот во областа Запорожје.
Администрацијата на „Енергодар“ претходно во вечерните часови објави дека украинските војници испукале пет светлечки минофрлачки бомби на територијата на нуклеарната централа Запорожје на брегот на Днепар, со цел да предизвикаат пожар.
Градската управа на Енергодар претходно вчера соопшти дека руските вооружени сили собориле украински беспилотно летало камиказа над територијата на нуклеарната централа Запорожје, а целта на дронот бил магацин со потрошено нуклеарно гориво.
