Фајненшл тајмс: Европската унија ќе ги укине визните ослободувања за Русите
Министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија оваа недела ќе го поддржат суспензијата на договорот на ЕУ за визно олеснување со Русија, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Земјите како Чешка и Полска престанаа да издаваат визи за руски туристи веднаш по почетокот на нападот врз Украина во февруари, и оттогаш побараа од Брисел да воведе целосна забрана.
Планирано е ваквата одлука на ЕУ да биде донесена на дводневна средба во Прага, која почнува во вторник, пренесе Интерфакс.
„Несоодветно е руските туристи да шетаат низ нашите градови, нашите пристаништа. Треба да му испратиме сигнал на рускиот народ дека оваа војна не е во ред, дека не е прифатлива“, рече неименуван висок дипломат на ЕУ запознаен со ова прашање.
Планот за суспендирање на договорот од 2007 година предвидува укинување на привилегираниот статус на руските граѓани при аплицирање за визи за земјите од ЕУ.