Македонија

Кацарска до пратениците: Очекувам веќе од утре да работат ако треба и по 20 часа, додека не се изберат уставни судии

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, очекува пратениците „веќе од утре“ да почнат да работат, ако треба и по 20 часа, за конечно да ги избера уставните судии за да не се случи Судот да стави клуч на врата.

Кацарска за „Слободен печат“ вели дека нема намера повеќе да се среќава со престедателката на Комисијата за избори и именувања или со претседателот на Собранието за да се забрза изборот на судиите бидејќи смета дека тие си ги знаат своите обврски.

Кацарска потсетува дека пратениците обврските со изборот на судии требаше да ги завршат пред една година.

– Работиме на работ на кворум со петмина судии, а Уставот предвидел девет. Зарем треба да му се случи нешто на некој од судиите и да ставиме клуч на Уставниот суд? Не постои друг орган што ја има нашата надлежност да врши контрола на законите кои се носат или да ги штити правата и слободите на граѓаните. Никој не им го дал тоа право на пратениците да се мајтапат со Уставот и навистина е несфатливо зошто не го почитуваат? – се чуди Кацарска.

На почеток