Скопје

(ВИДЕО) Без коментар: Брза помош заглави во поплава кај стоковната куќа „Мост“

Возило на Брза помош со екипа која одела или се враќала од интервенција, заглави кај поплавениот подвозик на стоковната муќа „Мост“ близу Бит Пазар. Возачот неколку пати се обиде да тргне со возилото, но безуспешно. Вратите на возилото беа буквално под вода. Комбето, не можеше да се мрдне ниту назад, ниту напред.

На социјалните мрежи се коментира дека допрва ќе ја плаќаме цената за негрижата за градот. Ова не е првпат на овој дел од Скопје да има поплави. Подвозикот и при помало невреме, тоне во вода. Состојбата е вака со години, иако беа дадени куп пари за негово реновирање.

На почеток