Скопје

Данела Арсовска се огласи неколку часови по невремето

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме“, напиша Данела Арсовска.

Таа додаде:

Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.

На почеток