Скопје

Ќе се сторнираат сите сметки за парно во Скопје, поради нерегуларното покачување

Ќе се сторнираат сите сметки за топлинска енергија. Зголемувањето од 50 отсто, а не 14 отсто како што беше одлучено. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кажа дека граѓаните во Скопје ќе добијат нови сметки.

„Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани“, кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

На почеток