Свет

Вучиќ за ЕУ: Ако ЕУ е семејство во кое некој секој ден ви бара маана, тоа нема иднина!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ отворено го искажа револтот кон Европската Унија. Тој директно ги повика да погледнат кон Балканот, а не да ги гледаат само нивните проблеми. Тој смета дека ЕУ ги гледа само мааните кои ги има Балканот и земјите кои чекаат членство.

„Мирот и стабилноста се од клучно значење за нас. Сите земји од Балканот се на европскиот пат. Посветени сме на европскиот пат, ама заклучивме дека треба да го направиме она што можеме и зависи од нас, меѓусебно за се поврземе, да имаме потесна економска соработка и искрено не сме секогаш сигурни колку сме добредојдени. Ако некој секој ден ви бара маана и само се бара маана во вашето однесување, тоа е како во едно семејство, ако гледате се најлошо во членовите, тоа семејство нема иднина. Ако некој ви попува секој ден, тогаш не сте задоволни. Затоа ова е упатено и до европските партнери. Почитувањето од нас кон нив, да го покажат и тие кон нашиот регион кон нас“, рече Вучиќ.

На почеток