Македонија

Сите се сликаа со Македон, сега го оставија со 0 поддршка, таткото на генијалецот говори за поразот од државата!

Го фалеа јавно за неговите успеси, организираа приеми и се фотографираа.

Неколку месеци подоцна, домашните политичари заборавија на ветувањата кои му ги дадоа на малиот Македон Димитровски од Тетово, кој поради натпросечната интелигенција во јавноста стана познат како „чудото од дете“.

Со своите вештини и способности Македон за кратко време ги освои симпатиите на сите, па за него се заинтересираа и од државните институции.

Во продолжение го пренесуваме неговиот пост:

„Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено, пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести, многу сликање, поклони, како ранец и книги за Македон и најважното многу ветувања.

– Прво дека ќе се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира,

– Беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да и тие помогнат во процесите на едукација на Македон,

– Дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца,

– Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограницени средства во школувањето на Македон.

И уште многу други работи …

И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво, туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислете, на светско ниво.

Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата?

Засега една големо 0“, се вели во реакцијата на неговиот татко.

На почеток