Актуелно

(ВИДЕО) Македон има седум години, веќе е генијалец, а одржа и лекција за Македонската империја

„Македонската империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја“ – со овие зборови малиот Македон од Тетово го започнува своето излагање во видеото.

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски (7) одржа лекција по историја на социјалните мрежи и уште еднаш импресионира со сопственото знаење.

Тој уште еднаш покажа дека неговата желба за знаење не познава граници, па одлучи на дело да покаже што научил.

Знаењето на Македон, кој во моментов говори 4 јазици (германски, англиски, кинески и арапски) оди дотаму што точно знае географски да објасни каде се наоѓала империјата и колкава површина зафаќала.

Видеото во кое тој на англиски јазик говори за големината и пространоста на Македонската Империја, беше објавено на Фејсбук од страна на неговиот татко Владимир Димитровски.

„Македонската Империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја.

Земјата беше само една од двете земји во историјата што се протегала на три различни континенти, а тука спаѓаат Македонската Империја и Умејадскиот Калифат, кои што се протегале на територијата на Европа, Азија и Африка.

Иако денес има земји што се протегаат на два континенти, како Панама, Русија, Египет и други, Македонија била посебна затоа што била 23-та најголема држава во историјата, а Омејадскиот калифат бил 10-ти по големина.

Владетел на Македонската империја бил Александар Велики, но нешто се случило, навистина, не знам како се распаднала, но тоа била голема империја“ – вели Македон.

За мало потсетување, Умејадски Калифат е вториот од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухамед, воспоставен во 632 г.н.е. , а за време на најголемата експанзија тој се протегал на површина од 11 милиони и 100 илјади километри квадратни.

На почеток