Магазин

(ФОТО) Пет грчки острови идеални за летен одмор во септември

Ова се пет грчки острови кои се идеални за одмор во септември.

Хидра

На околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr.

До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти.

Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува.

Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари.

Speces

Уште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година.

Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента.

Кеа

Кеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм.

Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос.

Сирос

На само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос.

Скопелос

Скопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради.

Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос.

ФОТО: skopelos_island

На почеток