Магазин

Досега 15 милиони туристи ја посетиле Хрватска, најбројни се Германците и Словенците

Досега во 2022 година, Хрватска примила 15 милиони туристи, што е за 40 отсто повеќе пристигнувања и 27 отсто повеќе ноќевања во споредба со истиот период лани, соопшти Министерството за туризам и спорт.

Споредено со рекордната 2019 година, во истиот период годинава се остварени 91 отсто пристигнувања и 96 отсто ноќевања.

Како што пишува Travelandtourworld, најмногу ноќевања имало во Истра (24,7 милиони), Сплит-Далмација (16 милиони) и Приморско Горанска (15,3 милиони), потоа Задар (12,8 милиони ноќевања), Дубровник-Неретва (6,2 милиони) и Шибеничко-книнската жупанија (5,7 милиони).

Во текот на годината туристите најчесто ги посетувале Ровињ, Дубровник, Пореч, Медулин, Умаг и Сплит, а меѓу странците најбројни биле гостите од Германија, Словенија, Австрија, Полска, Чешка, Италија, Словачка, Холандија и Велика Британија.

За време на престојот во Хрватска, луѓето најмногу се одлучиле за приватно сместување (33,9 милиони), кампови (17,6 милиони), а дури потоа за хотели (17,2 милиони).

На почеток