Пукање во Словенија, едно лице загина


Едно лице загина, а тројца се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Нови Место, пренесува СТА.
Се претпоставува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер вчера убил 22-годишно момче на главниот пат меѓу Мирна Печа и Нови Место кај Брежје.
Уште три лица, една жена и двајца мажи на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети и пренесени во болница, јави СТА.
Во периодот од 23 до 2 часот пред Итната помош во Нови Место имало и неколку полицајци бидејќи таму се собрале околу 100 лица кои ги познавале повредените и починатите.
Полицијата соопшти дека осомничениот, кој веќе има криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен.
Во тек е потрага, а истрагата продолжува. Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и ова е едно од најлошите престрелки во последниве години, според СТА.
