Албанскиот бизнисмен Ара пронајден мртов во Торино
Албанскиот бизнисмен Фатмир Ара, кој исчезна пред два дена, е пронајден мртов во селото Сан Карло Канавесе во Торино, јавуваат Репортери.
Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено на земја, на неколку чекори од темниот автомобил паркиран покрај патот и дека се работи за убиство.
Ара (43) е по потекло од Албанија, а живеел во Мати (Торино). Тој бил пријавен за исчезнат на 2 септември. Обвинителството од градот Ивреа работи на расветлување на околностите на настанот.
Бизнисменот Фатмир Ара не е непознато име за италијанските власти.
Пред неколку години тој бил уапсен и осуден на три години затвор. Против Албанецот тогаш биле поднесени повеќе пријави од неговата сопруга за насилство, а тој бил осомничен и за носење оружје без дозвола, пренесуваат медиумите.
Помеѓу другото, неговата сопруга тогаш го обвинила дека е вклучен во нелегална работа,пренесуваат медиумите.