На интерент се појави календар за 2019 година на кој стојат најпознатите фотографии од Владимир Путин.
Путин во календарот си игра со тигар, пука со пиштол, лови риба, јава коњ и вежба.
На една од фотографиите тој е облечен во војничка униформа со крзнени детали, позади него се гледа пушката која тој ја носи на својот грб.
Како што известуваат од „The Sun“, се уште не е познато дали станува збор за календар кој го одобрил Кремљ.
Календарот веќе е пуштен во продажба, а мислењата на жителите на Москва се поделени.