Свет

Киев итно бара униформи и опрема од НАТО

Киев побара од НАТО итно да им испрати стотици илјади униформи и друга опрема.

Сепак, како што пишува германски Шпигел, Алијансата има големи проблеми како да ја снабди Украина со зимски воени униформи и теренска опрема, иако официјален Киев веќе ја побарал таа опрема и тоа итно, бидејќи студените денови доаѓаат наскоро.

Според Шпигел, украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников на крајот на јули испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое бара од Алијансата да испрати воени шатори наменети за зимски услови во Украина, како и зимски воени униформи за 200.000 војници.

Униформите и опремата би требало да стигнат што е можно поскоро, наводно напишал Резников.

Неколку членки на НАТО веќе почнаа да го бараат она што го бара Украина, а Алијансата за Шпигел потврди дека врвот на НАТО е во контакт со сите членки по тоа прашање.

Засега помош ветија САД, Канада, како и Финска и Шведска, кои допрва треба да станат членки, но кога сето тоа ќе се собере, задоволува само околу 50 отсто од она што Украина го побара, пренесува Раша тудеј.

Сепак, повеќето членки на НАТО тврдат дека толку голема количина зимски униформи и шатори мора да се чуваат за домашна употреба. Шпигел пишува дека Германија се пријавила и да и помогне на Украина со зимски униформи, но се забележува дека и самата германска армија се бори со ова прашање.

„Шпигел“ потсетува дека германскиот министер за одбрана ветил дека ќе биде испратена помош за Украина, но се наведува и дека германската армија е прилично лута на министерот што им ги зел потребните резерви на опрема.

To Top