Актуелно

Москва: На Русија и е прогласена тотална војна, која се води во хибридни форми

На Русија и е објавена тотална војна, која се води во хибридни форми и во сите сфери, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Не треба да се потценува сериозноста на сегашниот период. Навистина ни е најавена тотална војна. Се води во хибридни форми, во сите сфери. Степенот на огорченост на нашите противници, нашите непријатели е огромен, извонреден“ изјави Рјабков за списанието „Меѓународен живот“.

Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ја обвини Германија дека води хибридна војна.

Тој реагираше на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека повеќе не ја смета Москва за „сигурен снабдувач на енергија“.

Медведев потсети дека Берлин воведе санкции против Русија и дека ја снабдува Украина со смртоносно оружје, насочено против руските вооружени сили.

На почеток