Најевтината сити брејк дестинација во Европа – одмор за 239 евра
Атина ги победи традиционалните достапни источноевропски дестинации за да го заземе првото место како најевтина локација за сити брејк на континентот.
Компанијата „Post Office Travel Money“ анализирала десет типични критериуми и трошоци меѓу британските туристи во 20 популарни градови, а резултатите покажале дека грчката престолнина е за 15 отсто подостапна во споредба со минатата година.
Трошоците како храна, сместување во хотел, билети за атракции и јавен превоз изнесуваа вкупно 239 евра.
На второ место е Лисабон каде ќе ви требаат 250 евра, а интересно е што португалскиот град го зазеде второто место и покрај зголемувањето на цените од 21 отсто во однос на лани.
Краков (254 евра), Рига (255) и Будимпешта (256 евра) се исто така градови познати по ниските цени.
Ниските цени во Атина вклучуваат 45 евра за вечера за двајца со вино, 102 евра за две ноќевања во хотел со три ѕвезди и 9 евра за 48-часовен билет за јавен превоз.
Дури шест анализирани градови се повеќе од двојно поскапи од Атина: Стокхолм (487 евра), Париз (489 евра), Даблин (504 евра), Копенхаген (527 евра), Венеција (528 евра) и Амстердам (685 евра) .