„Бесмира Ејупи е бисер македонски, се разбира од урбанизам, дипломатија, нуклеарни технологии..“, реакции по вработувањето на тв презентерката во МНР


Поранешната презентерка Бесмира Ејупи, во јавноста позната и како несудената конзулка во Њујорк, можеби сепак ќе има шанса да замине во странство, но овој пат како кадар на Министерството за надворешни работи, барем според предвидувањата на вработени во него. Ејупи од минатиот месец е редовно вработена во МНР. Не со конкурс, ниту со договор на дело, туку била преземена од друга државна институција. Официјално, МНР и натаму молчи и нема никакво објаснување за целиот случај.
Ковачевски пак, ја брани Ејупи – Критиката за нејзиното вработување ја гледа како шовинизам, во време кога нејзините хонорари вредни 12 илјади евра веќе се под истрага на обвинителството.
Нејзиното вработување е под лупа и на антикорупционерите, кои откако ќе разгледаат дали има спорни моменти за нејзиниот работен ангажман, ќе пресечат дали ќе отворат случај.
Граѓаните пак на социјалните мрежи се шегуваат, велат дека Ејупи е бидер македонски оти се разбира од се.
То се разбира од урбанизам, дипломатија, нуклеарни технологии, животна средина… То не е мит. Бесмира Ејупи е. Бисер македонски.
— XTRMacedonian (@XTRMacedonian) September 5, 2022
Постои ли воопшто државна институција каде што Бесмира Ејупи не е член?!
— МИСТЕРИЈА (@CheGuev21277156) September 5, 2022
Се оправа држава со 12000 евра?
За Бесмира Ејупи прашувам.
— Марко (@ortographia) September 5, 2022
Да гласаме на референдум Ејупи да ни биде премиерка, па што кој кур? Уште таму ебено не ја ставиле.
— пентул | ⱂⰵⱀⱅⱆⰾ 🇲🇰 🇺🇦 (@drougoubitai) September 6, 2022
Некојпат и еднаш неделно во 2 месеци доаѓала на работа. Ја претворија државава во јавна куќа.
— 7️⃣ (@osmini_) September 5, 2022
Ви смета Бесмира Ејупи што е "вредно" девојче и секаде ја бараат, а не ви смета Таче за премиер. Не може така другари 🤭
— Little punk (@Littlep80541710) September 6, 2022
Мамо мамо, можеш да ме запознаеш со Бесмира Ејупи? pic.twitter.com/MD5vRXvzSG
— Северџан #НикогашСеверна (@severdjandjan) September 6, 2022
