Свет

Русија: „Изгубивме време, да зборуваме за вистинската закана“

Русија бара денеска да се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со испораката на западно оружје за Украина.

Ова во средата го изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Овој состанок, доколку биде одобрен од Франција, која во моментов претседава со Советот за безбедност, ќе биде трет состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Украина за три дена, пренесе ТАСС.

„Ние сме за тоа да зборуваме за реални, а не за имагинарни проблеми. И бидејќи денес изгубивме време зборувајќи за уште една шпекулација и фантазија, предлагаме утре да разговараме за вистинската закана за меѓународниот мир и безбедност создадена од снабдувањето со оружје и воени производи од странски земји до Украина“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН, кој беше свикан вчера на иницијатива на САД и Албанија.

На почеток