Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при што вели дека спогодбата од Преспа од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка за иднината.
„Запознаен сум со сите полемики кои се водат и кои се дел од демократската дебата во земјата. Но, јас од овде бидејќи верувам во нашиот континент, во силата на Европа, во моќта на колективната удрост и во заемната соработка, би сакал да се обврзам и да Ви кажам во што верувам. Знам дека ниеден договор не е совршен. Знам дека за едните истот не е доволно долгорочен, а за другите дека поинаку би го испреговарале. Ги слушам сите критики кои се кажани“, истакнува Макрон во обраќањето.
Но, како што додава тој понатаму, до пред неколку месеци никој не се надевал на овој договор.
„На овој договор се чека веќе 27 години. Овој договор се постигна поради храброста на Вашите и на грчките лидери. Затоа јас го поддржувам. Потполно! Силно! Сметам дека истиот има централно место во плановите за иднината на земјата. Тој е и суштината на амбициите за Вашата младина и на тоа што може да го направиме заедно во годините што следат“, вели францускиот претседател, кој додава дека граѓаните на крајот сами треба да одлучат дали се за промена на Уставот или не, со цел спогодбата да стане важечка и името на државата да биде Северна Македонија.