Магазин

Ако планирате да ја посетите Црна Гора во септември, еве каде е најчистата водата

Институтот за биологија направи нова анализа на квалитетот на водата на црногорскиот брег.

Резултатите од анализата на квалитетот на морската вода за 110 локации, што Институтот ја спроведе во периодот од 30 август до 3 септември годинава, покажаа дека на 84,5 отсто од локациите, морската вода била со одличен квалитет, во 9,1 отсто водата била со добар квалитет, додека на 6,4 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.

Резултатите покажуваат дека морската вода е безбедна за пливање и рекреација.

Што се однесува до квалитетот на морската вода по општини, во Улцињ, од вкупно 18 локации каде што се спроведува Програмата за мониторинг на санитарен квалитет, во 15 од нив морската вода била со одличен квалитет, додека во 3 задоволителен квалитет.

Анализите покажаа дека морската вода е со одличен квалитет на 11 локации во општина Бар, добра на 2 локации, а задоволителен квалитет и на 2 локации во овој град.

Кога станува збор за општина Будва, Програмата се спроведува на 32 локации, од кои 28 со одличен квалитет на водата, а останатите 4 локации со добар квалитет.

Во Которскиот залив, во општина Тиват, од вкупно 9 локации, водата била со одличен квалитет на 8, додека на 1 локација била со задоволителен квалитет.

Анализите покажаа дека во Котор водата била со одличен квалитет на 11 локации, добра на 3 локации, а задоволителна на 1 локација. Во Херцег Нови примероци од вода се земени на вкупно 21 локација, од кои 20 се со одличен квалитет, а 1 со добар квалитет.

На почеток