Ковчегот со телото на кралицата заминува од Балморал за Единбург
Ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора денеска ќе биде преместен од замокот Балморал во Единбург.
Погребната кола полека ќе ги помине 280-те километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.
Ковчегот ќе биде изваден од Балморал околу 11:00 часот и ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа. Ковчегот ќе биде поставен во кралската резиденција Холирудхаус во Единбург, каде ќе остане до утре попладне, јави Би-Би-Си.
Во среда ковчегот ќе биде поставен во Вестминстерската сала, а погребот ќе се одржи на 19 септември.
Кралицата Елизабета почина на 8 септември во Балморал.