Магазин

Таа сега е единствената жена монарх во светот, зема и една од титулите на Елизабета II

Осумдесет и двегодишната кралица на Данска – Маргарет Втора – ја презеде титулата најдолговечен европски монарх со неодамнешната смрт на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата Маргарет е позната по својот уметнички талент, страственото пушење и сивата пунџа, и е вториот монарх со најдолго владеење во историјата на Данска. По смртта на Елизабета Втора, таа сега стана најдолговечниот европски монарх.

Кралицата Маргрет Втора е пофалена за зближувањето и модернизирањето на монархијата за време на нејзините 50 години на тронот.

Таа дојде на власт во 1972 година и стана наследник во 1953 година – кога нејзиниот татко, Фредерик IX од Данска, беше крал – откако уставните реформи во земјата им дозволија на жените да го преземат тронот.

Нејзиното искачување на тронот се случи во време кога во Данска бледнее популарноста на кралското семејство и монархијата.

Еден од најважните моменти на нејзините напори да ја модернизира монархијата беше дозволувањето на нејзините два сина да се омажат за луѓе кои немаа титули или кралско потекло.

Со смртта на кралицата Елизабета Втора, данската кралица сега е единствената жена монарх во светот. Исто така, во знак на почит по смртта на Елизабета Втора, Маргарет го намали обемот на прославата за нејзиниот златен јубилеј, планиран за овој викенд.

На почеток