Свет

Данска повика на истрага за случајот со поранешниот шеф шпион

Данската влада, поддржана од опозицијата, повика на истрага за случајот на поранешниот шеф на разузнавањето обвинет за оддавање државни тајни.

„Потребна ни е широка политичка доверба во работата на разузнавачките агенции, па ако има недоверба, сметаме дека е разумно да се формира истражна комисија“, рече министерот за правда Матиас Тесфаје.

Во безбедносниот скандал Ларс Финдсен на почетокот на оваа година помина два месеци во притвор каде ја напиша книгата „Шпион началник – сеќавања од ќелијата 18“, пренесува Ројтерс.

Се вели дека минатиот месец државниот обвинител го обвини поранешниот шеф на разузнавањето за оддавање државни тајни на шест лица, меѓу кои и двајца новинари.

Се додава дека во книгата објавена оваа недела и делумно напишана додека бил во притвор, Финдсен рекол дека владата неправедно го суспендирала во 2020 година од политички причини.

На почеток