Магазин

Сите модели на iPhone 14 имаат иста количина на меморија

Во текот на изминатите две години, еден од многуте начини на кои Apple ги разликуваше стандардните модели на iPhone од Pro верзиите беше капацитетот на меморијата (RAM).

Така, iPhone 12 и 12 mini имаа по 4 GB RAM, додека 12 Pro и 12 Pro Max имаа по 6 GB. Истото сценарио беше применето и минатата година, кога iPhone 13 и 13 mini користеа 4GB меморија, додека 13 Pro и 13 Pro Max добија по 6GB RAM.

Сега Xcode 14 бета потврдува дека сите модели на iPhone 14 пристигнуваат со 6GB простор. Ова е прв пат од серијата iPhone 11 сите нови модели да добијат иста количина на RAM меморија.

Претходните гласини сугерираа дека моделите на iPhone 14 Pro ќе добијат побрза LPDDR5 RAM, додека стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Plus ќе користат LPDDR4X RAM. Сепак, извештајот на Xcode засега не го потврдува ова.

На почеток