Вонредната состојба која беше воведена на 14 септември 2001 година, повторно е продолжена, се огласи Бајден
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ја продолжи вонредната состојба за уште една година.
Воведен е на 14 септември 2001 година, по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември истата година.
„Ја продолжувам за уште една година вонредната состојба прогласена на 14 септември 2001 година со Прогласот 7463, во врска со терористичките напади од 11 септември 2001 година“, рече Бајден, според соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.
Бајден нагласи дека терористичката закана што доведе до првото прогласување на вонредна состојба на 14 септември 2001 година, по нападите на Њујорк и Вашингтон, сè уште е присутна.
„Поради оваа причина, заклучив дека е неопходно да се продолжи важноста на националната вонредна состојба по 14 септември 2022 година, со оглед на терористичката закана“, рече Бајден.
Во Соединетите Американски Држави навршуваат 21 година од нападот на терористичката мрежа Ал Каеда врз Њујорк и Вашингтон.
Исламските терористи на тој ден киднапираа четири патнички авиони и ги извршија најголемите терористички напади во модерната историја.
Вкупно, според официјалните податоци, животот го загубиле 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те киднапери, од кои повеќето во Њујорк.