Зеленски: Украинските сили зазедоа 6.000 квадратни километри територија под руска контрола
Од
Објавено на
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските сили повторно зазеле 6.000 квадратни километри територија која била под руска контрола.
„Од почетокот на септември до денес, нашите борци ослободија повеќе од 6.000 квадратни километри од територијата на Украина на југ и на исток“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека напредувањето на украинските сили продолжува.