Земјотрес во Белград
Од
Објавено на
Послаб земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван рано утринава во Белград, потврди Сеизмолошкиот институт.
Националната сеизмолошка мрежа во 03 часот и 53 минути регистрираше земјотрес во белградскиот регион со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, а во некои делови од градот можеше да се почувствува како благ потрес, особено во повеќекатните згради.
Проценетиот интензитет е околу три степени и ваков земјотрес не може да предизвика материјална штета, информираат од Републичкиот сеизмолошки завод.